Регулатоторното тело на банкарскиот сектор на ЕУ – Европскиот банкарски орган (ЕБА) им препорачува на финанските компании да им овозможат на клиентите да прават бесконтактни плаќања.
Врз основа на препораките на СЗО, ЕБА соопшти дека фирмите за наплатни услуги може да помогнат да се ограничи ширењето на вирусот, со тоа што ќе го олеснат плаќањето без физички контакт, односно без користење готовина, преку дебитни или кредитни картички или преку апликациите за мобилни телефони.
Претставник на компанијата за финансиски трансакции „Ворлдлајн“ истакнал дека од некои трговци биле информирани дека не прифаќаат плаќања со готовина, туку бараат да се вршат безконтактните наплати.
За да придонесат во намалувањето на ризикот од ширење на вирусот корона, и Централната банка во земјава и комерцијалните банки апелираат за користење безготовинско плаќање и помал контакт со готовина. По прогласената вонредна состојба во земјава банките и штедилниците работат, но апелираат луѓето да не доаѓаат во експозитурите поради сопствена заштита и за заштита на вработените. Апелираат за користење безготовинско плаќање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.