Свет

Бонуси од 550 милиони долари за вработените на „Волмарт“

23 Mar 2020

Вработените во маркетите на „Волмарт“ ќе добијат бонуси во вкупен износ од 550 милиони долари, а како поддршка за нив ќе бидат ангажирани и дополнителни 150.000 вработени.

Секој вработен со полно работно време ќе добие бонус од 300 долари, а тие што се со скратено работно време ќе добијат по 150 долари.

Компанијата, со 1,5 милиони луѓе вработени во САД, има проблеми со одржување залихи во маркетите низ земјата и исполнување на онлајн-нарачките. Трговецот ќе ги држи отворени сите продавници низ САД со скратено работно време, а ќе го ограничи и количеството што може да се купи од некои производи.

Привремените 150.000 работници во Волмарт ќе бидат ангажирани во центрите за дистрибуција и во центрите за подготовка на онлајн-нарачки, но нема да бидат пуштени во супермаркетите да ги заменат вработените што не доаѓаат на работа.

Чувствуваме дека ова е моментот кога треба да обезбедиме дополнителна исплата, изјавија од „Волмарт“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...