Свет

„Баерсдорф“ обезбеди 500 тони средства за дезинфекција во Европа

20 Mar 2020

„Баерсдорф“ го засилува производството на средства за дезинфекција од медицинското одделение во рамките на својата европска производствена мрежа, со цел поддршка на колективната борба на општеството против пандемијата предизвикана од вирусот корона.

За почеток, „Баерсдорф“ итно ќе обезбеди 500 тони средства за дезинфекција на критичните служби за итни медицински случаи, како и за болничкиот персонал. Санитетските медицински производи се произведуваат во производствените погони на компанијата во Хамбург, Валдхајм (Саксонија/Германија) и Трес Кантос во близина на Мадрид, Шпанија.

Компанијата е во тесна координација со локалните власти, а дистрибуцијата првенствено е насочена кон клиниките и болниците, за медицинскиот персонал. Целта е да се обезбеди најбрза и најефикасна испорака на санитарни средства директно од фабриката до медицинскиот персонал за итни случаи.

Минатата недела „Баерсдорф“ создаде технички предуслови за производство на средствата за дезинфекција и сега почнува со сериско производство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...