Свет

„Вулвортс“ користи вештачка интелигенција

26 Feb 2020

Кога купувачот ќе сака да го измери купеното овошје или зеленчук, посебен уред ги скенира и автоматски лепи печатена налепница со цената и тежината.

Австралискиот трговец „Вулвортс“ отиде чекор напред во технолошкиот напредок во однос на конкуренцијата. Отсега сите купувачи на овошје и зеленчук ќе ги мерат производите со посебен уред Scan&Go Scale, кој ги скенира и автоматски печати налепница со цената и тежината.

Уредот е многу едноставен за употреба, бидејќи купувачот ги става производите без кеси. Потребно е неколку секунди уредот да ги препознае производите според обликот и видот, а ги разликува дури праските од нектарините. Потоа, ги мери производите и печати налепница со цена.

Засега, овој вид на мерење се тестира во три супермаркети „Вулвортс“ во Сиднеј, а уредот го развива компанијата „Тилитер“.

Групацијата „Вулвортс“ има најголем пазарен удел во Австралија, на второто место е „Колес“ (28%), а на третото „Алди“ (11%).

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...