Семејството Марс од САД го држи водечкото прво место меѓу најбогатите семејства во светот. Тие се сопственици на компанијата „Марс“, а нивното богатство се проценува на 70,8 милијарди долари.
Според објавените приходи на нивните компании, десет најбогати семејства во светот имаат шокантен колективен приход од 3,4 трилиони долари, што е еднакво на бруто домашниот производ на Германија, Велика Британија и Франција заедно.
Компанијата постои веќе 107 години. Меѓу брендовите што ги поседува се Snickers, Mars Bars, Milky Way Bars, Twix, M&M's...Членовите на семејството секогаш строго ја чувале својата приватност. Во последно време некои од шесте членови на семејството се појавуваат на исклучителни јавни настани, а на еден таков е направена фотографија од бабата Жаклин Марс со нејзините внуки.
На второ место е семејството Слим од Мексико, со богатство вредно 64,9 милијарди долари. Тие беа најбогати во светот во периодот од 2010 до 2013 година.
Наредни на листата се семејството Елисон од САД. Тие поседуваат 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е соосновач на глобалната корпорација „Оракл“. Веднаш после нив е семјеството Цукерберг со 63 милијарди долари. На чело на семејството е Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, кој неодамна изјави дека голем дел од богатството ќе го подели во добротворни цели.
Богатството на семејството Чакри од Тајланд е проценето на 60 милијарди долари. Тоа семејство последните 237 години владее на Тајланд, а е составено од 22 монарси.
Семејството Албрехт од Германија има богатство вредно 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на синџирот супермаркети „Алди“. Со синџирот сега управуваат нивните деца.
Семејството Пејџ од САД има богатство проценето на 52,4 милијарди долари. Лери Пејџ е соосновач на „Гугл“.
На крај на листата се семејството Амбани од Индија, со богатство проценето на 52,3 милијарди долари, семејството на технолошкиот магнат Сергеј Брин од САД со богатство од 51,1 милијарди долари и семејството Дима од Франција, во чија сопственост се наоѓа брендот Hermes, со богатство вредно 49,2 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.