Јапонско-американскиот трговец „7-Елевен“ достигна бројка од 70.000 продавници ширум светот.
Компанијата работи во 17 земји преку франшиза, преку сопствени или лиценцирани продавници и е на 18 место во светот според вкупните приходи од продажбата.
По напуштањето на Индонезија (2017 година), сега „7-Елевен“ одлучи повторно да се врати во оваа земја, со план од оваа календарска година да влезе и на пазарот во Индија преку „Футуре Груп“.
Инаку, компанијата постои 93 години. Почна да продава сладолед во Тексас. Во 1991 година, јапонскиот концерн „Ито-Иокадо“ откупи 70 отсто од сопственоста во трговскиот синџир. Во 2005 година беше направена реорганизација во работењето по што синџирот уште повеќе се прошири глобално.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.