Свет

„Баерсдорф“ лансира бренд за тетовирана кожа

22 Oct 2019

Компанијата „Баерсдорф“ лансираше свој, целосно нов бренд по повеќе од 30 години. Станува збор за линија кремови за тетовирана кожа. 

Линијата Skin Stories е во продажба од крајот на септември. Таа содржи репаративен балзам за нови тетоважи, стик за заштита од сончање и дневен лосион за тело. 

Линијата е лансирана во период кога производите за масовна употреба, како што е Nivea, губат популарност меѓу младите генерации потрошувачи, кои фаворизираат природни состојки и нови производи. 

Од „Баерсдорф“ соопштија податоци според кои денес еден од петмина Германци има тетоважа. Половина од таа популација се жени на возраст од 25 до 34 години. 

Skin Stories е производ на иновативната единица која во „Баерсдорф“ беше промовирана во јули, со цел да развива нови брендови и да ги засилива постоечките брендови, како што се Labello, 8X4 и Hidrofugal.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...