Пред Општиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург, заврши судскиот процес на „Старбакс“ против Европската комисија(ЕК).
ЕК претходно донесе одлука според која „Старбакс“ имал противзаконски бенефиции за намален данок во Холандија, но Европскиот суд ја поништи таа одлука.
Во одлуката се наведува дека договорот помеѓу „Старбакс“ и холандските власти, кој на компанијата ѝ дозволува да плаќа намалени даноци, не спаѓа под „нелегална јавна поддршка“.
Европската комисија во 2015 година донесе одлука дека даночните олеснувања дадени на американскиот ланец за кафе во Холандија се незаконски, и затоа „Старбакс“ треба да плати казна во вредност од 30 милиони евра. „Старбакс“ и Холандија потоа поднесоа тужба против Европската комисија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.