Свет

„Теско“ ќе отвора нов формат?

26 Aug 2019

Британскиот трговец „Теско“ размислува да именува еден формат продавници според својата најпродавана трговска марка Tesco Finest.

Овој трговски бренд има најголема понуда на прехранбени производи во цела Велика Британија.

Кај нас е висок процентот на купувачи кои знаат што сакаат, изјави Дејв Луис, извршен директор на „Теско“, и додаде дека ќе ја прошират понудата со новитети што веќе ги тестираат.

Од „Теско“ порачуваат дека и на тој начин компанијата се стреми да постигне подобри резултати, но и со помош на употребата на новите технологии. Трговецот отвора и формати т.н. „dark store“ (продавница во сенка), односно дистрибутивни центри што личат на конвенционален маркет, но се затворени за потрошувачите и се користат за складирање и организирање на нарачките преку интернет.

Трговецот најави дека до крајот на годинава ќе има најмалку еден центар во кој сè ќе биде роботизирано.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...