Свет

„Ошан“ продава продавници

30 Jul 2019

Француската групација „Ошан“ ги напушта Италија и Виетнам, го намалува бројот на продавниците на матичниот пазар и инвестира во Русија.

Трговскиот синџир ги продава 46-те хипермаркети во Италија (бизнисменот Рафаеле Минчоне ќе ги преземе недвижностите), а со продавниците ќе управува „Конад“. Се очекува дека оваа аквизиција ќе ја зајакне позицијата на „Конад“ во Северна Италија.

Во Виетнам, „Ошан“ одлучи да ги продаде сите 18 продавници, а во Франција планира да продаде или затвори 21 објект.

Менаџментот на француската групација одлучи да го зголеми на 70.000 тони капацитетот на погонот за преработка на месо во Русија, во Тамбовската област. Вкупната инвестиција во проектот е 3,5 милиони рубли (околу 50.000 евра).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...