Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) потврди дека на уште две фарми за свињи во оваа земја се појавила смртоносната африканска свинска чума.
Присуството на оваа високо заразна болест е утврдена е на 19. јули во селото Николово, во бугарската североисточна област Русе, на фарма со околу 17.000 свињи, а потоа со лабораториски тестови вирусот е откриен и на друга фарма во селото Брашлен во истиот регион каде има околу 40.000 свињи.
Уништувањето на заболените свињи на фармата во Николово уште е во тек.
Во регионот Врача, на северозападот од земјата, откриени се два случаи од ова заболување кај домашни свињи, како и првиот случај на оваа болест во општината Свиштов, западно од областа Русе.Прв случај на африканска свинска чума е потврден и во општината Лом, во северозападна Бугарија.
Агенцијата за безбедност на храната постави зона на превенција од три километри и зона за надзор од десет километри околу секоја од погодените области. Сите свињи во овие региони ќе бидат уништени.
Досега се регистрирани 19 појави на африканска свинска чума во шест бугарски региони – Плевен, Бургас, Врача, Русе, Траговиште и Велико Трново.
Во Македонија нема присуство на болеста африканска свинска чума, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Но, поради појавата на блиски жаришта во соседството, Агенцијата ги зголеми безбедносните мерки и воведе забрана за увоз и транзит на свинско месо, производи од свинско месо и добиточна храна од земјите каде е утврдено присуство на болеста.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.