Компанијата „Кока кола“ освои две награди, „Златен лав“ и “Бронзен лав“ за маркетиншката кампања наречена „Пробај да не го чуеш ова“ со која сликата добија свој звук во главата на тој што ја гледа.
Оваа кампања се најде на билборди, во списанија и во весници ширум Европа. Идејата беше обожавателите да се обидат да не ги слушнат и да не ги замислат добро познатите звуци кои се поврзани со сликата што ја гледаат-отворање на лименка или шише Coca Cola и познатите меурчиња.
Сите знаеме дека Coca Cola е посебна, дека го има „тоа нешто“ што ја прави најпопуларен пијалок на светот. Предизвикува посебно чувство кај луѓето, но им е тешко тоа да го опишат, веројатно затоа што тоа чувство е комбинација на се што тоаа за нас претставува: спој на моменти на уживање и посебен ритуал. Ние само ја прикажавме Coca Cola od „прво лице“, а останато дојде од потрошувачите кои таа слика ја видоа. Магијата на нашиот бренд дојде од самите луѓе, изјави Милица Вуличевиќ-Басоровиќ, бренд директор на „Кока кола ТМ“.
Кампањата беше реализирана во соработка со маркетиншката агенција „Давид“ од Њујорк и беше спроведена во цела Европа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.