Свет

Скокнаа акциите на „Метро“ по понудата за преземање од чешки милијардер

28 Jun 2019

Порасна цената на акциите на германскиот трговски синџир „Метро“, откако аквизициската компанија „ЕП Глобал Комерц“ даде понуда од 5,8 милијарди евра за да го преземе трговецот.

„ЕП Глобал Комерц“ е во сопственост на двајца инвеститори, Чех и Словак. Компанијата веќе има удел од 11 отсто во „Метро“, но сака да ги откупи и останатите акции. Поради тој интерес, акциите на „Метро“ пораснаа за 4,5 отсто е сега се 16,25 евра за акција, што е највисока цена во последната една ипол година. 

Сопственици на компанијата „ЕП Глобал Комерц“ се чешкиот милијардер Данијел Кретински и неговиот партнер, Словакот Патрик Ткач. Тие изјавија дека нивната понуда претставува „уверлива и единствена прилика“ за акционерите. 

Од „Метро“ одговорија дека ќе ја разгледаат понудата на двајцата инвеститори, а акционерите гио советуваат во овој момент да не ги продаваат своите удели, со коментар дека понудата не е адекватна и дека не ја претставува вистинската вредност на компанијата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...