Свет

„Крафт-Хајнц“ го продава Plasmon?

07 Jun 2019

Прехранбениот гигант „Крафт-Хајнц“ ја почна продажбата на брендот Plasmon.

Според добро упатени извори, неколку приватни компании и групации се заинтересирани за преземањето на овој бизнис, а договорот би можел да вреди околу 700 милиони долари.

Брендот Plasmon во најголем дел е базиран во Италија, а според шпекулациите, „Крафт-Хајнц“ планира да го продаде за да се фокусира на глобалните брендови.

Plasmon е лансиран во 1902 година од истоимената италијанска компанија. Тоа е линија за млеко, тестенини и овошни производи за бебиња, а најпознати се бисквитите од млеко во прав, витамини и минерали.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...