Рекордни 2.700 компании-изложувачи од повеќе од 70 земји, вклучувајќи ги и 60 национални и регионални павиљони. Изложбениот простор покрива речиси 42.000 м² во 15 изложбени хали во центарот RAI.
Производите кои се изложени вклучуваат свежа, замрзната и разладена храна, намирници и пијалаци, како и непрехранбени производи, вклучувајќи ја козметика, средства за домаќинство, козметика за автомобили, производи за домаќинство и сл.
Ви претставуваме и некои од промотивните штандови на компаниите од Македонија:
Посебна атракција на саемот PLMA е супермаркетот „Идеа“ каде посетителите можат да ги видат приватните трговски марки кои се избрани како победници и се добитници на наградата Salute to Excellence. „Идеа“ ги прикажува приватните трговски марки на трговците, кои укажуваат на важни потрошувачки трендови во Европа, САД, Јужна Америка, Африка и Азија. Во „Идеа“ можат да се види и изложбата на новите 600 производи кои се избрани поради нивната иновативност и оригиналност, а меѓу нив годинава се најде и „Виталиа“ со производот Collagen muesli with fruit and seeds.
Тема на годинешниот меѓународен саем е „Listen to the Buzz", а во текот на самитот се очекува да бидат реализирани повеќе од илјада разговори меѓу трговците и производителите.
Погледнете повеќе слики и од трговците:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.