Свет

„Метро“ со континуиран раст на продажбата преку достава

10 May 2019

Во вториот квартал на 2018-2019 година, продажбата на „Метро“ АГ порасна за 1,6 отсто и изнесува 6,8 милијарди евра. 

Продажбата преку достава, пак, за истиот период порасна за 9 отсто, односно на 1,4 милијарди евра и сега изнесува 20 отсто од вкупниот промет на „Метро“.  

Видлив е и резултатот од вложувањата во дигитализација на работењето. Онлајн порачките се достапни на професионалните купувачи во 17 земји и сочинуваат 40 отсто од сите порачки, а во просек ги има по 125.000 неделно. 

Мрежата на продажните центри на „Метро“ брои 711 продажен центар. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...