Европскиот парламент изгласа забрана на десет пластични предмети за еднократна употреба, како што се цевки, вилушки, ножеви, стапчиња за уши...
Во оваа група спаѓаат и држачи за балони, садови за храна и за пијалок направени од стиропор и сите производи од оксо-разградлива пластика.
Забраната ќе биде спроведена до крајот на 2021 година.
Земјите - членки на ЕУ можат да изберат со кои методи ќе ја намалат пластиката за еднократна употреба. Исто така, сите земји добива обврска да соберат и да рециклираат најмалку 90 отсто шд шишињата за пијалок до 2029 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.