Свет

„Нестле“ влегува во бизнисот со веганска храна

05 Apr 2019

Најголемата компанија за кондиторски производи, „Нестле“, влегува во бизнисот со веганска храна. 

Швајцарскиот гигант ќе претстави свои бургери без месо, како дел од иницијативата за поздрава храна. 

Ова е уште еден обид на компанијата што стои зад KitKat и Nescafé, да се приклучи кон се поголемиот вегански пазар. „Нестле“ и претходно внесе поздрави варијанти на производи во својата палета, но овој пат тоа ќе биде на начин што не е типичен за овој гигант. 

Веганските бургери ќе бидат промовирани во Европа до крајот на овој месец. Ќе се состојат од соја, протеини од пченица, цвекло, морков и екстрат од бибер. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...