Инвестициската групација „Латерон“ планира да направи понуда од 300 милиони евра за преземање на шпанскиот синџир супермаркети „Диа“.
Групацијата ја контролира рускиот магнат Михаил Маратович Фридман, ко-основач на „Алфа - груп“, мултинационален руски конгломерат. Тој нуди 0,67 евра по акција за преостанатите 70 отсто што не ги поседува.
„Диа“ е среде процес на реструктуирање откако изгуби 90 отсто од својата пазарна вредност во последните 12 месеци.
Фридман ја поседува и X5 групацијата, најголем руски малопродажен синџир со повеќе од 13.000 продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.