Свет

Британците повеќе сакаат да купуваат во маркет отколку онлајн

29 Mar 2019

Дури 82 отсто од потрошувачите во Велика Британија и понатаму купуваат во физички продавници, наспроти комоцијата што ја нуди онлајн продажбата. 

Студијата на дигиталната маркетиншка агенција Marketingsignals.com, спроведена на 1.056 возрасни Британци, покажа дека 82 отсто од нив преферираат традиционален начин на купување бидејќи сакаат да го добијат артикалот веднаш штом го платат. Повеќе од три четвртини од испитаниците (78 отсто) рекле дека одат во маркет бидејќи сакаат да го допрат и да го видат производот пред да го купат. 

Трговските синџири кои ќе користат дигитална технологија за да ја зголемат посетеноста на традиционалните маркети, а истовремено ќе ги следат навиките на купувачите при онлајн купувањето ќе бидат многу поуспешни во модерната ера, пишува во заклучокот од истражувањето. 

Во идеален свет, купувачите повеќе сакаат да купуваат директно од маркет, но поради недостиг на време, проблемите со залихите и комоцијата, многумина се свртуваат кон онлајн купување. Тоа е лекција за малопродажните ланци да ја осигураат својата дигитална присутност и прават се за на купувачите да им понудат повеќеканално купување и искуство што најмногу им одговара. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...