Италијанскиот кондитор „Фереро“ и уште двајца понудувачи останаа во трката за купување на бисквитите Arnott's и другите меѓународни брендови што ги продава компанијата „Кампбел Суп“.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 март. Вредноста на зделката се проценува на околу 3 милиони долари.
„Фереро“, која почна агресивна аквизициона кампања пред четири години, се натпреварува со производителот „Орео кекс“, со компанијата „Монделез Интернационал“ и со конзорциумот инвестициски фондови KKR i Bain Capital.
„Фереро“ и „Монделез“ се сметаат за фаворити.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.