Свет

Цените на храната се зголемуваат

08 Mar 2019

Индексот на цените на храната* во февруари годинава во просек изнесуваше 167,5 поени, што е за 1,7% повеќе во споредба со претходниот месец.

Извор: www.fao.org

Февруарските цени се на највисоко ниво од август 2018 година, но сепак тие се за 2,3 проценти пониски во споредба со истиот месец минатата година. Минатиот месец се зголемија цените на сите стоки, а најзначителни зголемувања беа регистрирани кај млечните производи.

  • Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 169 поени во февруари годинава, маргинално над нивото од јануари 2019 година и речиси за 4,7% повисок од февруари минатата година.
  • Во февруари годинава индексот на цените на растителните масла во просек изнесуваше 133,5 поени, повисок за 1,8% во споредба со јануари. Февруарското ниво на цените на маслата е највисоко од октомври 2018 година.
  • Минатиот месец индексот на цените на млекото и на млечните производи во просек изнесуваше 192,4 поена, што претставува пораст за 5,6% во споредба со јануари 2019 година. Со февруарскиот пораст, цените на млечните производи се приближија до нивото што го имаа во истиот месец минатата година.
  • Индексот на цените на месото* во просек изнесуваше 163,6 поени во февруари годинава, повисок за 0,7% во споредба со ревидираната вредност за јануари 2019 година, но сепак понизок за 4% во споредба со февруари минатата година.
  • Февруарскиот индекс на цените на шеќерот во просек изнесуваше 184 поени, за 2,2% повисок од јануари 2019 година. Зголемувањето на цените во голема мера беше предизвикано од намалените очекувања за производство во некои од главните земји-производители.

* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и на забележаните цени.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...