Владата на Германија ги повикува производителите на храна доброволно да ги намалат шеќерот, мастите и солта во производите.
Од производителите се бара да ја намалат содржината на шеќер во житарките за 20%, а во безалкохолните пијалаци за 15 до 20%. Владата побара од производителите на млечни производи да го подобрат составот на хранливи материи во храната и напивките за деца и млади луѓе. Тоа вклучува и зголемено ниво на диетални влакна во житарките за појадок.
Планот, кој не се потпира на законски мерки, е критикуван од група потрошувачи кои велат дека доброволниот пристап не е доволен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.