Индексот на цените на храната* во јануари годинава во просек изнесуваше 164,8 поени, што е за 1,8% повеќе во споредба со декември 2018 година, но сепак за 2,2% понизок во споредба со јануари минатата година.
Извор: www.fao.org
По три последователни месеци на релативно стабилни нивоа, зголемувањето во јануари во голема мера беше поттикнато од остриот скок на цените на млечните производи, како и од поцврстите цени на растителните масла и на шеќерот.
* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и на забележаните цени.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.