Управниот одбор на „Тетра лавал“ го именуваше Адолфо Ориве за претседател и генерален директор на компанијата „Тетра пак“ од 1 април годинава.
Именувањето следува по одлуката на Денис Џонсон да се повлече од функцијата, која ја извршуваше 14 години, и по 36 години работа во компанијата.
Ориве (на фотографијата), кој во моментов е потпретседател на кластерот за Северна, Централна и Јужна Америка, на „Тетра пак“ ѝ се придружи во 1993 година. Претходно извршувал неколку раководни функции во групацијата, вклучувајќи ги позициите генерален директор за кластерите за Колумбија, Шпанија, како и потпретседател за Северна и Централна Европа. Од 2014 година тој му се приклучи на глобалниот раководен тим на „Тетра пак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.