Свет

ЕУ и Јапонија ја отворија најголемата зона за слободна трговија во светот

01 Feb 2019

Јапонија и Европската унија ја отворија најголемата зона за слободна трговија во светот, која опфаќа околу една третина од светската економија.

Договоротот исто така е одговор на двете страни на протекционистичките закани, особено на американскиот претседател Доналд Трамп, и опфаќа регион од околу 635 милиони луѓе.

Европа и Јапонија испраќаат порака до светот за идната отворена и фер трговија. Нашиот договор покажува дека трговијата е повеќе од квоти и царини или милиони и милијарди … Се работи за вредности, принципи и чесност, напиша претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. во писмена изјава.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царинските давачки на 94 отсто од увозот од ЕУ, вклучувајќи и за 82 отсто од земјоделските и производите од риба. На пример, се укинуваат јапонските царини за сирењата гауда и чедар, кои изнесуваат речиси 30 отсто, како и за виното, кое во просек се царини 15 проценти.

Европската Унија ќе ги укине царините на 99 отсто од увозот од Јапонија.

Договорот беше склучен во период на тензии во глобалната трговија, откако Трамп, меѓу другото, воведе царини за увоз на челик и алуминиум и почна да разгледува царини за автомобилската индустрија кои можат да ги погодат ЕУ и Јапонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...