Свет

Кретински подготвува понуда за „Метро“

01 Feb 2019

Чешкиот инвеститор Даниел Кретински подготвува потенцијална понуда за преземање на „Метро“.

Како што пренесува „Ројтерс“, компанијата „ЕП глобал комерц“, која е во косопственост на Кретински и на словачкиот финансиер Патрик Ткач, би требало да обезбеди финансии и други аранжмани и веќе во март да ја објави понудата за „Метро“.

Кретински е сопственик на чешката енергетска компанија ЕПХ, која поседува електрани низ цела Европа, и е акционер во францускиот дневен весник „Ле монд“. Тој и Ткач веќе поседуваат удел од околу 10% во „Метро“, кој има вкупна пазарна вредност од околу 5,2 милијарди евра.

Од ЕПХ и од „Метро“ одбиле да ги коментираат овие наводи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...