Свет

ЕУ носи нови правила

28 Jan 2019

Европската Унија усвои нови правила за тоа како трговците на мало и на големо да соработуваат со земјоделците.

Директивата на ЕУ против нефер трговските практики подразбира трговците (на мало и на големо) навреме да им плаќаат на доставувачите за расипливата храна, да не ги откажуваат нарачките во последен момент или едноставно да ги менуваат договорите. Според правилата, постигнатите договори треба да бидат потврдени и со писмен документ, да нема ретроактивни промени на договорните обврски и да не постои одмазда доколку доставувачот ги искористи сопствените права.

Претседателот на германското Здружение на малопродажни компании, Јозеф Зантјохансер, ги критикува правилата како незапаметено плеткање во слободата на договорите.

Асоцијацијата за мали и средни претпријатија (МСП) го нарече договорот – црн ден за МСП. Според асоцијацијата, преговорите за набавка би станале посложени во иднина бидејќи се отстапува од важниот простор за добивка на двете страни.

Доколку се прекршат правилата, земјите-членки на Унијата можат да наметнат санкции. Ова е првпат законодавството во оваа област да се појави на ниво на ЕУ. Договорот ќе биде формално ратификуван и потоа може да се транспонира и во националните законодавства.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...