Свет

Француски „Касино“ продаде продавници вредни 500 милиони евра

22 Jan 2019

Францускиот синџир супермаркети „Касино“ се согласи да продаде 26 продавници во вредност од 501 милиони евра на „Fortress Investment Group“, соопшти француската група. Така таа ја исполнува својата цел за продажба на средства, поставена минатата година, во рамките на плановите за намалување на долгот. 

Од „Касино“ соопштија дека ќе го продаде портфолиото на хипермаркети и традиционалните супермаркети на „Fortress“ која создаде алатка за стекнување и управување со средства.

Првично компанијата ќе добие 392 милиони евра од продажбата во првото полугодие на 2019-та година. 

„Касино“ објави дека ќе се придржува кон своите финансиски цели за 2018-та година, иако растот на приходите се забави малку во четвртиот квартал, бидејќи антивладините протести во Франција влијаеле во продажбата на нејзините хипемракети. .



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...