Свет

Toblerone доби ХАЛАЛ сертификат

17 Jan 2019

Култната чоколада Toblerone доби ХАЛАЛ сертификат, објави американската компанија „Монделез“, која е сопственик на Toblerone.

Според исламското право, тоа значи дека и на муслиманите им е дозволено да ја јадат, без никакви резерви. 

Оригиналниот рецепт на чоколадото не е променет, но состојките и производството се прилагодени, изјавија од „Монделез“ по добивањето на сертификатот. 

Причина за прилагодувањата е фактот дека 97 отсто од производството на Toblerone оди за извоз. Неговата побарувачка брзо се зголемува. Според податоците, 10 од 25 најбрзо растечки пазари имаат голема муслиманска популација. Во Франција, каде живеат шест милиони муслимани, продажбата на ХАЛАЛ производи ја надмина продажбата на органска храна.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...