Свет

Нов, шести последователен месечен пад

12 Dec 2018

Индексот на цените на храната* во ноември годинава во просек изнесуваше 160,8 поени, што претставува пад за 1,3% во споредба со октомври. Тоа е најниското ниво од мај 2016 година, а во споредба со истиот месец минатата година, пониско за 8,5%. Ноемврискиот пад е резултат од силниот пад на цените на растителните масла, млечните производи и на житото. Вредноста на месото исто така се намали, додека цените на шеќерот забележаа пораст.

Извор: www.fao.org

  • Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 164 поени во ноември годинава, за 1,1% понизок во споредба со октомври и за 7,1% понизок во споредба со ноември 2016 година.
  • Во ноември годинава индексот на цените на растителните масла во просек изнесуваше 125,3 поени, што претставува пад за 5,7% на месечно ниво. Тоа е десеттиот последователен месечен пад и дванаесетгодишен минимум.
  • Минатиот месец индексот на цените на млекото и на млечните производи во просек изнесуваше 175,8 поени, што претставува пад за 3,3% во споредба со октомври. Тоа е шестиот последователен месец на опаѓање на цените на млекото. На ова ниво, индексот е за 13,9% под неговата вредност во истиот месец минатата година и за 18,3 проценти под највисокото ниво годинава (во мај).
  • Индексот на цените на месото* во просек изнесуваше 160 поени во ноември годинава, маргинално понизок во споредба со ревидираната вредност за октомври и за 7,4% под нивото во истиот месец минатата година.
  • Ноемврискиот индекс на цените на шеќерот во просек изнесуваше 183,1 поени, за 4,4 % повисок од октомврискиот, што претставува трет последователен месечен пораст.

* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и забележаните цени.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...