Свет

„Блокчеин“ јајца на полиците на „Карфур“

12 Dec 2018

„Блокчеин“ (blockhain) обезбедува следење и споделување на информациите за тоа како еден производ е одгледан, преработен и транспортиран до крајниот потрошувач.

Скандалите со јајца заразени со салмонела, кои изминатите години ги погодуваа трговските синџири, наскоро ќе станат минато за францускиот „Карфур“ благодарение на оваа технологија. Според Ројтерс, најголемиот европски малопродажен синџир почнува да ја применува блокчеин-технологијата за следење на пилешкото месо, јајцата и доматите од нивата до полиците на трговците. Трговецот најави дека до крајот на 2018 година во системот ќе вклучи сирење, млеко, домати, лосос и јагнешко месо.

Лансирањето на оваа технологија е важен чекор во спроведувањето на планот „Карфур2022“, соопштија од овој трговски синџир.

Од идната година ќе се применува за сите свежи производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...