Северното и јужното крило на „Алди“ планираат да ја координираат меѓународната набавка на овошје и на зеленчук.
ЛЗ пишува: Двете компании создадоа нови работни места за меѓународно работење. Тоа е навестување дека „Алди норд“ и „Алди зид“ имаат намера да го обединат бизнисот со овошје во Европа.
Како што се наведува, двете компании ќе работат на концептите за дистрибуција на пакет овошје и зеленчук од милијарди долари од избраните потенцијални доставувачи. Тендерот веќе е објавен, а според експертите од индустријата, овој потег претставува интерна евалуација.
Во моментов „Алди зид“ е застапен во седум европски земји, а „Алди норд“ во девет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.