Свет

Обувки од кожа од маслинки

10 Dec 2018

Германскиот семеен моден бренд Thies лансира линија на одржливи обувки направени од „olivenleder“, односно од 100% веганска кожа добиена од лисјата од маслинките кои се отпаден материјал при бербата.

Обувките за мажи и за жени се патентирани со „воден-зелен“ метод за производство на ултратенка кожа од супстанцијата која лисјата од маслинките ја користат за да се заштитат од штетници.

OBE е активната состојка на методот и се добива од лисјата со помош на процес сличен на варењето чај. Се произведува во фабрики кои ги исполнуваат најстрогите закони на прехранбената индустрија. Малопродажната цена на чевлите се очекува да се движи околу 160 евра за унисекс патиките и 70 евра за бебешките обувки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...