Украински научници измислија еколошка пластична кеса што брзо се разложува, не ја загадува околината и откако ќе се искористи, може да се изеде.
Д-р Дмитро Бидјук и неговите колеги го откриле овој материјал со комбинирање на природни протеини и скроб во нивната лабораторија на Националниот земјоделски универзитет во градот Суми.
Тие обликуваа чаши, сламки за пиење и кеси од морска трева и скроб, извлечен од алги, добивајќи предмети на кои обично би им требале стотици години да се разложат. Исто така, боењето и логото се изведени со природни прехранбени бои.
Главната предност на овој материјал е што целосно се разложува за 21 ден. Кесата, на пример, се распаѓа во земјата за само една недела.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.