Свет

Гума за џвакање што не го губи вкусот

12 Nov 2018

Научници од Универзитетот „Меиџи“ во Јапонија направија мал електричен електростимулатор за јазик со цел да ја произведат првата гума за џвакање што нема да го губи вкусот.

Во текот на јавното тестирање на уредот сите што се одлучиле да пробаат рекле дека гумата има горчлив или сладок вкус. Ова е постигнато со помош на посебна материја која изгледа како гума за џвакање, но всушност е направена да создаде таканаречен пиезоелектричен ефект – феномен после кој некои супстанции и материјали прават  електричен набој како реакција на физичка манипулација. Или, гумата за џвакање од јапонските научници не го губи вкусот затоа што цело време додека џвакате ви го стимулира јазикот.

Уредот беше претставен во Европа во рамките на симпозиумот ACM за софтвер за кориснички интерфејс и технологија во Германија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...