Свет

Американците ќе јадат и ГМО-памук

12 Nov 2018

Регулаторните тела од САД им дадоа зелено светло на фармерите да одгледуваат генетички модифициран памук за луѓето да можат да го јадат семето од оваа билка – потенцијален извор на храна богат со протеини што може да се покаже корисен во земјите каде што традиционално се одгледува памук, а дел од населението гладува.

И покрај одобрувањето, семето на новоразвиената билка сè уште не може да се користи како храна бидејќи се чека дозвола и од Управата за храна и лекови (ФДА).

Во светот, памукот се одгледува за производство на текстил, додека семето се користи за храна за животни. Досега се сметаше дека семето на памукот не е добро за луѓето поради високото ниво на токсичност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...