Свет

„Крафт-Хајнц“ продава дел од бизнисот

12 Nov 2018

„Крафт-Хајнц“ планира да продаде дел од бизнисот во Индија, вклучувајќи го и детскиот енергетски пијалак Complan, за околу 550 милиони евра, во време кога индиските потрошувачи бараат поздрави алтернативи без шеќер.

Индискиот производител „Зидис велнес“ и неговиот сопственик „Кадила хелткер“ заеднички ќе ги откупат акциите, објавија компаниите во заедничко соопштение.

Complan и напивката Horlicks, која ја произведува „Глаксо Смит Клајн“, беа многу популарни до пред една деценија, кога потрошувачите ги користеа овие производи како додаток во исхраната, заедно со млекото. Нивната популарност опаѓа, со оглед на тоа што потрошувачите стануваат внимателни за количеството шеќер во овие производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...