Групацијата „Х5 ритеил“ го отвори првиот дистрибутивен центар во автономната република Карелија.
Логистичкиот објект во главниот град Петрозаводск, на површина од 17.500 м2, ќе служи за снабдување на 152 објекти на „Питерочка“, кои се лоцирани во 62 места и градови во Карелија и во Мурманската област.
Со новиот објект се очекува „Х5“ да ги намали трошоците за логистика и да им овозможи на локалните производители да ја зголемат продажбата. Со полн капацитет, објектот може да оперира со производи од околу 230 доставувачи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.