Свет

„Сирс“ прогласи стечај

12 Nov 2018

„Сирс холдингс“, во чии рамки работи „Кмарт“, поднесе барање за стечајна заштита.

Овој некогашен лидер на американскиот малопродажен пазар почна во 1880 година со каталози за нарачки преку пошта. Денес компанијата, заедно со многу други традиционални малопродажни групации, е погодена од е-конкуренцијата. За да се избори со долгот повисок од 5 милијарди долари, во последните неколку години „Сирс“ затвораше продавници и продаваше имот.

Кога беше на врвот, „Сирс“ располагаше со повеќе од 3.000 продавници, а денес тие се помалку од 900. Компанијата го држеше лидерското место на американскиот пазар до 80-тите години на минатиот век, кога ја престигна „Волмарт“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...