„Ахолд Делез“ ја отвори првата продавница од новиот формат во Белгија.
Трговецот планира да отвори 9 продавници од овој формат до крајот на годинава и уште 36 до крајот на 2019 година.
Освен избор од повеќе од 20.000 производи, новиот формат нуди и храна за носење, овошни сокови и супи, а оброците се приготвуваат според рецепти базирани на балансирана исхрана.
Во новата концепциска продавница купувачите може да нарачаат и онлајн додека пазаруваат, со помош на екраните инсталирани во продавницата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.