Свет

„Бутс“ оди онлајн во Кина

09 Nov 2018

Британскиот синџир дрогерии „Бутс“ активира веб-продавница во Кина на платформата Tmall.com на „Алибаба“.

Во асортиманот на веб-продавницата првично ќе бидат вклучени главните брендови на „Бутс“ како No7, Soap & Glory и Boots Cucumber. Компанијата верува дека производите ќе станат популарни кај кинеските потрошувачи, кои имаат апетит за висококвалитетни, меѓународни брендови за убавина.

Ова е одлична можност да ја зголемиме интернационализацијата на нашите производи и да ги искористиме иновативните технологии што ги разви „Алибаба“, велат од британската дрогерија.

Претходно годинава „Волгринс Бутс алијанс“, компанијата-мајка на „Бутс“, го заокружи договорот за стекнување на 40% во „Гуо да“, најголемиот синџир аптеки во Кина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...