Свет

„Амазон“ ќе отвора нови продавници без каси

11 Oct 2018

„Амазон“ планира да отвори до 3.000 нови продавници без каси до 2021 година, настојувајќи да ги намами новите купувачи во минимаркетите и продавниците со свежо приготвени сендвичи.

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, настојува да го утврди најдобриот формат за тој скап потфат. Новите продажни центри „Амазон гоу“ ќе може да бидат или минимаркети и да нудат свежо приготвена храна и некои прехранбени продукти, по примерот на „7 елевен“. Друга опција се обични снек-барови.

Агресивното и скапо ширење на „Амазон“ може да го загрози синџирот „7 елевен“, но и продавниците за сендвичи, како што се „Сабвеј“ и „Панера бред“, како и семејните пицерии и снек-барови.

Предизвик за „Амазон“ се високите трошоци за отворање на секоја поединечна продавница. Компанијата ја отвори првата продавница без каса во близина на седиштето во Сиетл во 2016 година. Во меѓувреме најави уште две такви продавници во истиот град и по една во Чикаго и во Сан Франциско.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...