Свет

„Метро“ на прагот на преземање?

11 Oct 2018

Милијардерите Даниел Кретински и Патрик Ткач и понатаму купуваат акции од германскиот трговски синџир „Метро“, со што ги поттикнуваат шпекулациите дека планираат да го преземат.

Како што пренесува „Ројтерс“, компанијата „Секономи“, еден од водечките акционери на „Метро“, објави дека на „ЕП глобал комерц“, чии сопственици се чешкиот инвеститор Даниел Кретински и словачкиот финансиер Патрик Ткач, ѝ продала 9% акции во два пакета, со опција за продавање дополнителни акции.

Кретински е сопственик на чешката енергетска компанија ЕПХ, која поседува електрани низ цела Европа. Често е присутен во медиумите, а сопственик е и на најпродаваниот чешки таблоид „Блеск“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...