„Асда“ го претстави логото „Помалку пластични пакувања“ (Less Plastic Packaging) за да потенцира пред еколошки свесните купувачи кај кои производи е намалена пластиката.
Логото ќе се појави на предната страна од пакувањето на производите, кај кои се отстранети најмалку 10% од пластиката што се користи за нивната амбалажа. Најпрвин логото се појави на линијата ладни сокови Asda, а во текот на годинава ќе се прошири и на други категории.
Во февруари годинава трговецот ја почна кампањата „Незавиткани во пластика“ (Plastic Unwrapped) и тврди дека оттогаш се отстранети 2.500 тони пластика од производите, што е еквивалентно на 231,5 милион пластични шишиња. Планот на трговецот е таа цифра да ја зголеми двојно до февруари 2019 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.