Дисконтерите, со своите силни програми за приватните трговски марки, ќе продолжат да го освојуваат европскиот пазар, покажува новиот извештај на „ЛЗ ритеилитикс“.
Аналитичката групација предвидува дека вкупната продажна површина на дисконтите ќе ја надмине површината на хипермаркетите низ цела Европа. И покрај преголемата снабденост на поголемите европски пазари, дисконтерите планираат да се прошират со уште 10 милиони квадратни метри на Стариот континент до 2023 година.
Благодарение на брзата експанзија на локалните оператори, најголемиот пораст на дисконтерите во следните пет години ќе биде во Русија. Според ЛЗ, „Питерочка“ на X5 ќе го забележи вториот по големина пораст во апсолутни услови, веднаш по „Лидл“.
На британскиот пазар се појавува нов дисконтер – „Теско“ најави дека подготвува сопствен синџир хард-дисконти под називот „Џек“ и оти до крајот на годинава планира да отвори околу 60 продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.