Свет

Милијардер купи удел во „Старбакс“

10 Oct 2018
Фондот на милијардерот Вилијам Акман (познат како „богот на Вол Стрит") добил удел од 1,1 отсто од капиталот на „Старбакс“. Акман го направи овој чекор, верувајќи дека гигантот ќе закрепне од заминувањето на долгогодишниот лидер Хауард Шулц.
 
Милијардерот ја објави инвестицијата на неговиот фонд „Pershing Square Capital Management" за време на конференцијата во Њујорк каде што тој се појави на сцената со ладниот чај Starbucks.
 
Според него, во следните три години цената на компанијата може да се удвои, бидејќи во последно време постои пад, по најслабиот пораст од очекуваното, како и намалените прогнози за наредните квартали.
 
За време на презентацијата Акман наведе дека и покрај планираното затворање на 150 локации на „Старбакс“ во САД во 2019 година, постојат можности и за отворање на нови во Среден Запад и во јужните држави на земјата.
 
Основниот пораст во следните години, според него, ќе дојде од Кина, каде инвеститорот очекува двојно побрз пораст на продажбата, отколку за компанијата како целина.
 
Токму таму компанијата се очекува да го удвои својот број на објекти до 6.000 во наредните четири години. 
Акман е познат со своите инвестиции и во неколку компании од сферата на индустријата за брза храна, како акциите на компанијата „Ресторан брендс интернешионал" која го поседува „Бургер кинг“, како и Chipotle Mexican Grill кои пријавиле пораст од 70 и 55 отсто  откако тој ги објави вложувањата во нив.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...