Најголемиот производител на чоколада во светот се насочува кон Исток, во обид да го зголеми својот пораст, во услови на слабеење на интересот за слатки производи во САД и Западна Европа.
Компанијата со седиште во Цирих, „Бери Калебот АГ“, договорила купување на руската „Инфорум“ и влегува на вториот по големина пазар, според волуменот, на чоколадо во светот, соопштија од швајцарската компанија. Купувањето е знак за враќање на довербата за раст, откако рубљата падна за 12 отсто во однос на швајцарскиот франк во текот на изминатата година, според „Блумберг".
Одлуката на „Бери Калебот“ покажува дека компаниите за производство на чоколадо се свртуваат кон нови пазари, додека американските и европските потрошувачи се повлекуваат од производи од шеќер во потрага по поздрави алтернативи.
Според другиот швајцарски „чоколаден" гигант „Линдт & Спрунгли“, Бразил, Јужна Африка, Јапонија, Кина и Русија ќе имаат „огромен" потенцијал во наредните години. Половина од 30 до 40 продавници што треба да се отворат оваа година ќе бидат на овие нови пазари.
Европа е заситена со чоколадо и е дом на десетте земји што имаат најголем рејтинг за потрошувачка по глава на жител, според „Еуромонитор интернационал".
Се вчитува следна вест...