Свет

Трговците тестираат плаќање со паметни телефони

26 Sep 2018

Малопродажните трговци продолжуваат со тестирање на безготовинските плаќања.

Во Велика Британија, „Теско“ ја отвори својата прва безготовинска продавница, и како што вели Дејв Луис, извршен директор на компанијата, ќе биде релативно едноставно проектот да се прошири на национално ниво.

„Сеинсберис“ воведе нова опција за плаќање во првата продавница „till-free“, при што купувачите може да ги скенираат производите и директно да ги стават во торбите. Кога купувањето ќе биде завршено, нивниот паметен телефон ја процесира сметката и може да платат од која било локација во продавницата.

Во Белгија, „Колрајт груп“ го продолжи тестирањето со безготовинско плаќање во три супермаркети „Океј“ и во еден „Океј компакт“. Купувачите најпрвин се најавуваат со картичката Xtra, го скенираат секој производ во кошничката и на крај плаќаат преку банкарска апликација.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...