Компанијата „Браун-Форман“ ќе почувствува последици од трговскиот спор меѓу САД и Европската Унија и наметнатите царини на пијалаците.
Од компанијата што стои зад брендовите бурбон Old Forester и Woodford Reserve, предупредија дека добивката за тековната фискална година нема да ги оправда првичните прогнози поради несигурност во меѓународната трговија и дополнителните трошоци настаните поради неодамна усвоените царини во ЕУ.
Во јуни годинава, ЕУ наметна 25 отсто царини на увозот на вискито Jack Daniel's, на моторите Harley-Davidson и на други производи од САД, како одговор на царините за челик и за алуминиум од ЕУ кои ги воведе Доналд Трамп. Само еден месец подоцна, „Харли Дејвидсон“ соопшти дека ќе го пресели производството во странство за да избегне плаќање данок.
Менаџерите на „Браун-Форман“ рекоа дека го успориле поскапувањето на своите производи на некои од европските пазари, за да го намалат влијанието на царините врз продажбата.
Понекогаш во некои односи купуваме време за да видиме дали овие мерки можат да бидат избегнати, рече Пол Варга, извршен директор на компанијата, и нагласи дека шкотското виски ја засилува својата конкурентност во Европа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.